Бил Гејтс: За Маск би било подобро да молчи, кога веќе не знае што зборува

Првиот човек на компанијата Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс, изјави дека на социјалните мрежи лагите многу побрзо се шират од вистината.

EPA-EFE

Во интервјуто за Си-ен-би-си, Гејтс се осврна и на постовите на својот „колега милијардер“, технолошкиот могул Илон Маск.

Маск е познат по честото користење на Твитер, а поводот за изјавата на Гејтс е ставот на Маск за коронавирусот – тој, имено, често на оваа социјална мрежа го намалува значење на коронавирусот, а бидејќи има 37 милиони следачи, неговите постови често креваат многу прашина.

Маск, на пример, зборуваше за „непотребната и фашистичка“ одлука за да се воведе карантин во САД, и направи сѐ што можеше за неговите компании да работат и за време на пандемијата на коронавирусот.

Од друга страна, Бил Гејтс се вклучи во борбата против вирусот, и често се огласува со ангажирање на пронаоѓањето на вакцина за болеста ковид-19.

„Илон само сака да одржи што е можно поголем број контроверзни коментари. Меѓутоа, не е вклучен во целата приказна околу вакцината. Прави одлични електрични автомобили и ракети, и затоа му е дозволено да го зборува сето тоа. Се надевам дека никогаш нема да ги измеша нештата во кои е добар со оние за кои не знае ништо“, кажа Гејтс.

Што се однесува до лагите на социјалните мрежи, Гејтс смета дека се идеално тло за ширење погрешни информации и лаги.

„Кога на луѓето ќе им дозволите да комуницираат, мора да бидете спремни на тоа дека некои неточни нешта, кои звучат примамливо, ќе се шират побрзо од вистината. Така е и со вакцината“, кажа милијардерот филантроп.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе