Бил Гејтс за коронавирусот: Никој не би требало да плати 1 долар за лош тест, тоа е лудо

Повеќето тестови за коронавирусот се бесмислени и претставуваат „чисто губење време“, изјави милијардерот и филантроп Бил Гејтс.

EPA-EFE

Основачот на Мајкросфот го кажа тоа бидејќи, како што наведе, е потребно премногу време за луѓето да ги дознаат резултатите за да можат да се самоизолираат.

Претседателот на САД Доналд Трамп укажа на зголемувањето на капацитетите за тестирање во САД, па дури својата земја ја нарече „светски пример“ поради тоа колку тестови се вршат секој ден.

Меѓутоа, времето потребно за добивање на резултатите на многу од тие тестови станало толку долго што голем број здравствени експерти кажуваат дека не помагаат во сопирањето на ширењето на епидемијата низ земјата.

„Наједноставното нешто околу тие лудости е дека не треба никому да му се даваат пари за тестови за кои треба да се чека повеќе од 48 часа за да се добие резултатот“, кажа Гејтс за Си-ен-би-си.

„И тој тест е целосно ѓубре. И на сите овие бројки за тоа колку тестираме, повеќето тестови се целосно ѓубре“.

Лабораториите низ САД заостануваат во обработката и испораката на резултатите на тестовите бидејќи порастот на случаите на коронавирусот ги оптоварува нивните системи.

Времето за добивање на резултатите за ковид-19 тестовите може да трае неколку дена до една недела или подолго за многу пациенти, соопштија претходно месецов двете најголеми компании за лабораториска дијагностика во земјата.

„Во моментов, ако чекате повеќе од три дена, понекогаш и до седум дена за да го добиете резултатот, никој не би требало да плаќа 1 долар за тоа. Тоа е лудо“, кажа Гејтс.

„Мора резултатите на тестовите да им ги јавите на луѓето што побрзо за да можат да го сменат своето однесување, за да не заразат други луѓе“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе