Бил Гејтс: Трамп двапати бараше да му ја објаснам разликата меѓу ХИВ и ХПВ (ВИДЕО)

Ем-си-ен-би-си објави снимка во која Бил Гејтс кажува дека на американскиот претседател Доналд Трамп морал двапати да му ја објаснува разликата меѓу ХИВ и ХПВ и дека претседателот знаел „застрашувачки“ многу за изгледот на ќерката на Гејтс.

„Сакаше да знае дали има разлика меѓу ХИВ и ХПВ, па му објаснив дека овие две болести ретко може да се помешаат“, вели Гејтс на снимката.

Ем-си-ен-би-си наведува дека снимката е направена неделава на состанок на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, на која Гејтс одговарал на прашања од вработените. 

Гејтс им кажа на вработените дека Трамп ја запознал неговата ќерка Џенифер, која сега има 22 години, на изложба на коњи во Флорида. „А потоа околу 20 минути подоцна тој долета со хеликоптер до истото место“, рече коосновачот на Мајкрософт. „Јасно е дека го одвезле некаде, но тој сакал спектакуларно да се појави со хеликоптер“.

Гејтс им кажа на собраните и дека Трамп го прашал дали вакцинирањето навистина е нешто лошо и дека Трамп му рекол дека размислува за формирање комисија што би ги истражила резултатите од вакцинирањето.  

„...тој ме праша 'нели вакцините се лоша работа', бидејќи размислувал да задолжи комисија да ги испита лошите ефекти од вакцините и некој - мислам дека тоа беше Роберт Кенеди Џуниор - му советувал дека вакцините предизвикуваат лоши работи. И му реков не, тоа е попусто, тоа би било лошо, не го правете тоа“, му рекол Гејтс.

Хуман папилома вирус (ХПВ) влијае на кожата и мукозните мембрани и може да предизвика проблеми како што се брадавици и абнормални промени на клетките во грлото на матката. Хуман имунодефициентен вирус (ХИВ) го напаѓа имунолошкиот систем и може да предизвика СИДА.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе