Бил Гејтс прогнозира дека коронавирусот наскоро ќе го третираме како грип

Бил Гејтс, основачот на компанијата Мајкрософт, повторно го коментираше коронавирусот, и даде уште една прогноза која се однесува на жешкото прашање – кога можеме да го очекуваме крајот на пандемијата.

EPA-EFE

Во дискусија која се одвиваше на социјалната мрежа Твитер, Гејтс одговараше на многу прашања за пандемијата и новата мутација – омикрон.

Гејтс предупреди дека постои веројатност дека ќе мора да се вакцинираме секоја година. Меѓутоа, неговата прогноза е дека коронавирусот наскоро ќе го третираме како обичен грип.

„Омикрон е голем предизвик за сите здравствени системи низ светот, а најтешките случаи на зараза со омикрон ќе се развијат кај луѓето кои не се вакцинирани“, смета Гејтс.

Меѓутоа, според него, доброто нешто е што омикрон ќе создаде имунитет кај повеќето луѓе, а малку е веројатно дека ќе се појави нова варијанта на вирусот.

„Она што сега се случува е тоа што и вакцинираните се заразуваат со новите и посилни варијанти на коронавирусот. Вакцините кои допрва ќе се направат би требало да спречат инфекција и да обезбедат повеќегодишен имунитет“, порача основачот на Мајкрософт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе