Бил Гејтс прими вакцина: „Се чувствувам одлично“

Американскиот милијардер и основач на Мајкрософт Бил Гејтс ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.

Фото: ЕПА

Тој им се заблагодари на сите луѓе што работеле на правење лекови и вакцини против ковид-19.

„Една од придобивките на моите 65 години е тоа што ги исполнувам условите за вакцината против ковид-19. Ја примив својата прва доза оваа недела и се чувствувам одлично. Им благодарам на сите научници, доброволци во истражувањата, регулаторни тела и медицински професионалци што се во првите редови на одбраната и кои нѐ доведоа до овој момент“, напиша Гејтс на Твитер.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети нови 250 милиони долари за поевтина и подостапна вакцина против ковид-19.

Најголемата поединечна донација досега доаѓа откако Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, оваа фондација за борба против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари.

„Дали светот ќе стане подобро место за живеење на сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за тестовите, лековите и вакцините да станат достапни за оние на кои им се потребни“, велат од фондацијата.

Парите ќе бидат искористени за доставување тестови и вакцини во слабо и средно развиените земји.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе