Бил Гејтс поради разводот падна на четвртото место на листата на најбогати

За прв пат во последните 30 години коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, не е на едно од првите две места на листата на најбогатите луѓе во САД на престижниот магазин Форбс.

Фото: ЕПА

Иако неговото богатство се зголеми за 23 милијарди долари во последната година, тоа не беше доволно да ги престигне Џеф Безос, Илон Маск или Марк Закерберг, кои поставија нови рекорди во заработувачката благодарение, пред сѐ, на зголемувањето на вредноста на акциите, пишува списанието Форбс.

Сепак, се наведува дека берзата не е единствената причина зошто Гејтс паднал од второто на четвртото место за една година, а како причина се наведува и неговиот развод, бидејќи голем дел од акциите ѝ беа дадени на неговата поранешна сопруга.

Ако Бил и Мелинда Гејтс останеа во брак, Гејтс ќе беше на третото место.

Како што е наведено, составот на богатството на Гејтс изгледа многу поинаку отколку кога првпат се појави на листата на 400 најбогати луѓе во Соединетите Држави, кога Мајкрософт излезе во јавноста.

Гејтс во тоа време поседуваше 45 проценти од акциите на Мајкрософт, а вредеше 315 милиони долари.

Следната година, зголемената цена на акциите на Мајкрософт го направи најмладиот милијардер во светот, вреден 1,25 милијарди долари на 31-годишна возраст.

Во 1992 година, тој стана најбогатиот човек во Соединетите Држави, чие богатство беше проценето на 6,3 милијарди долари.

Откако во 2000 година ја напушти функцијата извршен директор на компанијата, неговото богатство опадна, но сѐ уште беше најбогат во светот.

Тој падна на второто место за прв пат во 2018 година, кога Безос го престигна, на крајот на 2020 година беше надминат од Маск, а во август оваа година од Закерберг.

Меѓутоа, според Форбс, рангирањето на милијардерите е нестабилно, така што дури откако се комплетирала конечната листа за 2021 година, Фејсбук паднал, што го вратило Гејтс на третото место.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе