Бил Гејтс: Очекував повеќе од вакцините

Бил Гејтс, основач на Мајкрософт и ко-основач на хуманитарната фондација Бил и Мелинда Гејтс, рече дека е потребен голем истражувачки напор вреден неколку десетици милијарди долари за да се осигура дека светот е подобро подготвен за следната пандемија, која може да биде далеку полоша од ковид.

Фото: ЕПА

Тој рече дека е „целосно ужаснат“ од бројот на смртни случаи од коронавирусот и економската штета предизвикана од пандемијата и дека треба да се финансира работа за подобрување на вакцините, третманите и дијагностичките тестови кои ќе бидат потребни за поефикасна борба против следната пандемија.

„Не добивме вакцини кои спречуваат инфекција. Вакцините што ги имаме го чуваат нашето здравје, но само во мала мера ја намалија трансмисијата. Ни треба нов начин за изработка на вакцини“, рече Гејтс во интервју за Полиси ексчејнџ.

Американската експертска група за ефикасност на вакцините проценува дека вакцината на компанијата Астразенека по две дози нуди 65 процентна заштита од инфекција, а вакцината на команијата Фајзер нуди заштита од 75 проценти. И двете вакцини треба да бидат околу 95% ефективни во заштита од хоспитализација. Меѓутоа, проблемот е што имунитетот стекнат по вакцинацијата слабее со текот на времето.

Гејтс додаде дека е незадоволен од тоа што нема ефективни третмани за ковид, и иако дексаметазон и новиот антивирусен лек молнупиравир може да помогнат, ефектот од терапијата е „многу помал од очекуваното“.

Гејтс, кој во емисија на ТЕД уште во 2014 година предупреди дека светот не е подготвен за следната пандемија, рече дека се надева дека за пет години ќе напише книга за тоа како тоа веќе не е случај.

„Ќе бидат потребни десетици милијарди долари инвестиции во истражување и развој и веројатно околу милијарда годишно за работна група за пандемија на ниво на Светска здравствена организација“, рече Гејтс.

„Постојат природно предизвикани епидемии и оние предизвикани од биотероризам кои би можеле да бидат уште полоши од она што го доживуваме денес. Развојот на медицинската наука треба да ни ги даде вистинските алатки. Така што тоа треба да ни биде приоритет. Следната година ќе мора да издвоиме за овие проекти“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе