По примањето на втората доза вакцина

Бил Гејтс: Очекувајте промени во однесувањето со вирусот дури на пролет или на лето

Бил Гејтс (65) ја примил втората доза од вакцината против ковид-19 пред една недела, потврди во интервју за социјалната мрежа Клабхаус.

EPA-EFE

Но иако основачот на Мајкрософт е целосно вакциниран, кажа дека ќе продолжи да ги почитува мерките и препораките како на пример носењето заштитна маска.

„Сакам да им бидам пример на другите“, му кажа Гејтс на Ендрју Рос Соркин на Клабхаус, и додаде: „Ако се вакцинирате, и понатаму можете да ја пренесувате заразата“.

Американската Агенција за контрола на зарази (ЦДЦ) вели дека дури и оние кои се вакцинираат против ковид-19 мора да продолжат да ги почитуваат епидемиолошките мерки за сузбивање на пандемијата. Вакцините на Бајонтек/Фајзер и Модерна се покажаа како многу ефикасни во спречување тешки облици на болеста и смрт од ковид-19, но сè уште е нејасно дали целосно спречуваат заразување.

„Нема да престанам да носам маска или да престанам да бидам внимателен, особено не во близина на постари луѓе кои не се вакцинирале“, кажа Гејтс.

Многумина се прашуваат кога ќе се вратиме во нормала или барем ќе се укинат мерките како носење маска и одржување физичка дистанца.

„Дури доцна на пролет или на лето можеме да размислуваме за позначајна промена на однесувањето ако бројките бидат добри“, кажа Гејтс, па додаде дека планира да носи маска и на есен додека стапката на заразни не падне позначително истакнувајќи дека „тоа не е нешто страшно“.

Главниот американски епидемиолог д-р Ентони Фаучи кажа дека постои можност Американците да мора да продолжат да носат маски до 2022 година, и дека тоа ќе зависи од тоа колку брзо циркулира вирусот во заедниците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе