Бил Гејтс: Не сум како Илон Маск, попрво би ги дал парите за вакцини

Технолошките могули Илон Маск и Џеф Безос вложија милијарди во приватните вселенски патувања, со цел да формираат човечки колонии надвор од Земјата.

EPA-EFE

Но Бил Гејтс е повеќе загрижен околу локалните проблеми.

Коосновачот на Мајкрософт објасни зошто не се вклучил во вселенската трка на Безос и Маск.

„Не, не сум паднат од Марс. Но знам многу луѓе од Марс“, кажа тој на шега. „Мислам дека ракетите не се решение. Но можеби таму нешто ми недостига“, додаде Гејтс за подкастот Свеј на Кара Свишер.

Гејтс, кој се појави на подкастот за да ја промовира својата нова книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, кажа дека е заинтересиран за користење на своето богатство за директно решавање на некои од најголемите предизвици на човештвото. Ѝ кажа на Свишер дека не е премногу заинтересиран да купи билет за вселената.

„Нема да платам многу пари, бидејќи мојата фондација може да купи вакцини против сипаници и да спаси живот за 1.000 долари. Сè што правам, секогаш помислувам: Во ред, би можел да ги потрошам тие 1.000 долари купувајќи вакцини против сипаници“.

Кога станува збор за долготрајното решавање на климатските промени и сузбивањето на емисиите на штетни гасови, кажа Гејтс, луѓето би требало да обратат повеќе внимание на индустриите кои тешко можат да се направат позелени, како тие за челик, цемент и месо.

„Но компаниите како Тесла постигнаа голем напредок во тие сфери, како автомобилите“, призна тој.

„Важно е да се истакне дека она што Илон го направи со Тесла е еден од најголемите придонеси на климатските промени кој некој некогаш го дал. Затоа потценувањето на Илон не е добра идеја“, напомена основачот на Мајкрософт.

Меѓупланетарните амбиции на Маск се однесуваат на ракетите кои ги разви Спејсекс, компанијата за истражување на вселената која ја формираше во 2002 година, за до 2050 да превезе милион луѓе на Марс.

Маск кажа дека сака да формира самоодржлив град на Црвената планета за човештвото да може да ја преживее претстојната апокалипса на Земјата.

Во меѓувреме, основачот на Амазон Џеф Безос сака неговата компанија Блу ориџин да постави база на Месечината, заедно со вселенски колонии во кои би можеле да бидат сместени до милијарда луѓе. И Спејсекс и Блу ориџин работат на развој на ракети за повеќекратна употреба кои драматично би ги намалиле трошоците за патување во вселената.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе