Бил Гејтс: Најсмртоносното животно на светот не отиде на одмор за време на пандемијата

Основачот и филантроп на Мајкрософт, Бил Гејтс објави нова видео-порака на својот блог GatesNotes, во која наведува дека пандемијата на коронавирус е потсетник за причините поради кои човештвото мора да ја елиминира маларијата, смртоносната болест која ја пренесуваат комарците.

Screenshot

„Комарците не практикуваат социјално дистанцирање. Не носат маски. Како ковид-19 се шири низ светот, важно е да се присетиме дека најсмртоносното животно на светот не отиде на одмор за време на оваа пандемија“, напиша Гејтс на својот блог.

„Комарците ги бодат луѓето секоја вечер и заразуваат милиони луѓе со маларија. Тоа е болест која убива едно дете секоја минута секој ден. Многу од овие смртни случаи се случуваат во најсиромашните земји во светот, кои имаат најслаби здравствени системи и сега се соочуваат со дополнителен товар од стопирање на пандемијата на коронавирус. Во многу од овие земји, врвот во бројот на случаи на ковид-19 се очекува во најлошиот можен момент - на врвот на сезоната на пренесување на маларија“, предупреди Гејтс.

„За време на епидемијата на ебола во 2014 година во Западна Африка, ендемичните заболувања како што се маларија, туберкулоза и СИДА донесоа многу повеќе смртни случаи отколку самата ебола, бидејќи епидемијата на болеста ги сруши локалните здравствени системи. Лекарите сега стравуваат дека истото може да се случи и со ковид-19“, рече основачот на Мајкрософт.

„Карантините и мерките за социјално дистанцирање веќе им ја отежнуваат работата на здравствените работници кои работат на превенција и лекување на маларија во многу делови на Африка. Забележани се и прекини во ланците за набавка на есенцијални алатки за борбата против маларијата – кревети со мрежи против комарци, антималариски лекови и брзи дијагностички тестови, кои беа клучни за намалување на смртноста од маларија за 50% од 2000 година“, предупреди Гејтс, додавајќи дека, според проценките на Светската здравствена организација, смртноста од маларија може да се врати на ниво што не сме го виделе последните 20 години.

„Напредокот што светот го постигна во борбата против маларијата е една од најголемите здравствени приказни за успех. Пандемијата на ковид-19 само потврдува зошто борбата против маларијата е толку важна. Сè додека постои маларија, таа ќе се враќа и ќе ги оптоварува најранливите заедници“.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе