Бил Гејтс: Можеме да видиме дека на пандемијата ќе ѝ дојде крајот

Филантропот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, даде интересно интервју за „Скај њуз“, во кое рече дека „светот не беше подготвен за пандемијата на коронавирусот ни одблизу колку што требаше“, додавајќи дека вакцината ќе им помогне на луѓето да се вратат во нормала.

Фото: ЕПА

Тој исто така зборуваше за тоа како неговата Фондација АКТ-А помогнала да се мобилизираат ресурсите и каква улога играла во ставањето на пандемијата под контрола.

„Кога пандемијата нè погоди, сфативме дека тоа е глобален проблем и мораше да организираме ресурси на глобално ниво. Многумина помогнаа, особено Велика Британија, Франција и САД, и заедно со Светската здравствена организација и нашата фондација тие рекоа, 'Добро, што можеме да сториме?'“, рече Гејтс.

„ЦЕПИ (Коалиција за иновации во спремноста за епидемии) помогна во истражувањето на вакцините, ГАВИ (Алијансата за вакцинација) купуваше вакцини, Глобалниот фонд финансираше терапии базирани на кислород. Тоа е она што го стори АКТ-А, ги искористи сите дополнителни ресурси и ги координираше на глобално ниво”, рече основачот на Мајкрософт за Скај њуз.

„Она што го сторивме е од исклучително значење, бидејќи светот не беше подготвен за пандемија ни одблизу колку што требаше. Учевме попат, но јас би рекол дека, делумно поради она што го стори АКТ-A, делумно поради парите што САД ги дадоа за развој и истражување, сега имаме вакцини и гледаме дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот“, рече Гејтс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе