Тоа го прави влијателен приватен сопственик на земјоделско земјиште во Соединетите Американски Држави.
По повеќегодишните извештаи дека купувал земјоделско земјиште во државите Вашингтон и Флорида, Ленд рипорт откри дека Гејтс купил земјоделско земјиште во 18 американски држави.
Неговите најголеми имоти се во Луизијана (69.071 хектари), Арканзас (47.927 хектари) и Небраска (20.588 хектари). Покрај тоа, тој има удел во 25.750 хектари земјиште на западната страна на Феникс во Аризона.
Според истражувањето на весникот, земјиштето го поседува директно и преку компанијата Каскејд инвестментс.
Иако е можеби изненадувачко тоа што технолошкиот милијардер е и најголем индивидуален сопственик на земјиште, ова не е единствен обид на Гејтс во земјоделството.
Во 2008 година Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс најави 306 милиони долари неповратни средства за промоција на одржливо земјоделство со висок принос на малите земјоделци во супсахарска Африка и во Јужна Азија.
Фондацијата тогаш вложи и во развојот и ширењето на „супержетвите“ отпорни на климатските промени и на крави со поголем принос на млеко.
Минатата година фондацијата ја основаше Гејтс Аг уан, непрофитна организација која ги унапредува тие напори.
Не е сосема јасно како Гејтс планира да го користи земјоделското земјиште, пишува Форбс, но постојат индикации дека земјиштето би можело да се користи во рамки на вредностите на Фондацијата.
Котонвуд Аг менаџмент, дел од компанијата Каскејд, е член на Лидинг харвест, непрофитна организација која ги промовира одржливите земјоделски ресурси кои даваат приоритет на заштитата на жетвите, тлото и водените ресурси.