Бил Гејтс ја спореди пандемијата со Втората светска војна

Бил и Мелинда Гејтс вчера на својот сајт го објавија годишното писмо во кое зборуваат за можните последици на оваа и идните пандемии.

EPA-EFE

„Кога го објавивме нашето минатогодишно писмо, светот тукушто почнуваше да сфаќа колку оваа нова пандемија на коронавирусот може да биде опасна. Иако нашата фондација веќе некое време е загрижена од можното сценарио на пандемија, особено по епидемијата на еболата во Африка, сепак бевме шокирани колку драматично ковид-19 ги наруши економиите, работните места, образованието и состојбата низ светот.

Токму како што Втората светска војна беше пресуден настан за генерацијата на нашите родители, пандемијата на коронавирусот ќе ја дефинира нашата. И токму како што Втората светска војна доведе до поголема соработка на земјите за да се заштити мирот и да му се даде предност на општото добро, сега светот има прилика овие тешки лекции кои ги научивме за време на пандемијата да ги претворите во поздрава, порамноправна иднина за сите.

Оптимистични сме и сметаме дека се ближиме кон крајот на пандемијата. Но исто така сме реални и знаеме што е потребно за тоа да го оствариме – најголемо ангажирање на јавното здравство во историјата, такво во кое се вклучени политичарите, научниците, здравствените работници, бизнис лидерите, локалните власти, верските заедници и другите.

Таа заедничка соработка е исклучително важна бидејќи во глобална криза како оваа не сакате компаниите кои го носат важните одлуки водени од мотивот на заработката или владите да дејствуваат само со тесна цел на заштита само на сопствените граѓани. Потребни ни се многу различни луѓе и интереси кои би се обединиле за да има корист целото човештво.

Филантропијата може да ја олесни ваквата соработка. Бидејќи нашата фондација веќе со децении работи на заразните болести, имаме силни долгогодишни односи со Светската здравствена организација, експертите, владите и приватниот сектор. А бидејќи нашата фондација е особено насочена на проблемите со кои се соочуваат најсиромашните луѓе во светот, ние ја разбираме важноста да се обезбеди светот да ги земе предвид потребите на земјите со ниски приходи.

Нашата фондација досега вложи 1,75 милијарди долари во борбата против ковид-19. Повеќето од тие финансии се насочени на производството и набавката на неопходните медицински материјали. На пример, им дадовме поддршка на научниците кои развиваа нови лекови за заразата со коронавирусот, вклучувајќи ги моноклонските антитела, и соработувавме со разни партнери за да обезбедиме тие лекови да се формулираат на начин кој е едноставен за транспорт и употреба во најсиромашните делови од светот.

Ги поддржавме и напорите за развојот и дистрибуцијата на безбедните и ефикасни вакцини. Меѓу нив се вакцините против воспаление на белите дробови, колерата, менингитисот, тифусот и јапонскиот енцефалитис, кои спасија милиони животи.

Можно е, додека го читате ова, веќе да сте ја примиле вакцината против ковид-19. Сметаме дека е извонредно тоа што тие вакцини веќе се достапни за некои, особено ако се земе предвид дека ковид-19 на почетокот на 2020 година беше речиси непознат патоген и дека развојот на вакцините е ригорозна процедура (важно е луѓето да разберат дека, иако тие вакцините се направени во забрзан временски период, сепак компаниите мораа да ги задоволат строгите правила пред да добијат одобрение за вакцините)“, пишуваат Бил и Мелинда Гејтс.

„Едно од прашањата кои луѓето често ми ги поставуваат е кога мислам дека светот ќе се врати во нормала. Разбирам зошто на многумина тоа им е на ум. Сите сакаме да се вратиме во времето пред ковид-19. Но се надевам дека никогаш повеќе нема да се вратиме на едно нешто – нашето одмавнување со рака кон тоа колку последиците на пандемијата можат да бидат сериозни.

За жал, ковид-19 може да не е последната пандемија. Не знаеме кога ќе дојде до следната и дали ќе ја предизвика грипот, коронавирусот или некоја нова болест која никогаш претходно не сме ја виделе. Но она што го знаеме е дека не можеме да си дозволиме повторно да нè фати неспремни. Од сега натаму секогаш ќе ни виси над главите заканата од следната пандемија – освен ако светот не преземе чекори неопходни за тоа да се спречи.

Колку и да е тоа застрашувачко, следната пандемија може да ја предизвика биотероризам.

Добрата вест е што можеме да спречиме избивање жаришта на заразни болести. Иако светот не се подготви совршено за пандемијата на ковид-19, тоа не значи дека не научивме многу од претходните епидемии. На пример, епидемијата на еболата јасно ни покажа дека мораме да го забрзаме развојот на новите вакцини. Затоа нашата фондација се здружи со владите и другите донатори за да ја создаде Коалицијата за иновации за спремност за епидемија (ЦЕПИ). Таа финансираше бројни кандидати за вакцина против ковид-19, вклучувајќи ги вакцините на компаниите Модерна и Астра Зенека.

За да не се повторат проблемите со кои се соочивме во оваа пандемија, заканата од пандемија мора да ја сфатиме подеднакво сериозно како закана со војна. Светот мора да ги удвои вложувањата во истражувањата и развојот на организациите како ЦЕПИ кои се покажаа како непроценливи во борбата против пандемијата.

За сопирање на следната пандемија ќе биде потребно да се вложат десетици милијарди долари годишно, што е голема инвестиција, но имајте предвид дека се проценува дека пандемијата на коронавирусот ќе го чини светот 28 билиони долари. Светот треба да потроши милијарди за да спаси билиони (и да спречи милиони смртни случаи). Го сметам ова за најдобра и најисплатлива полиса за осигурување која светот може да ја купи“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе