Бил Гејтс ја предвиде стапката на смртност од ковид-19

Американскиот милијардер Бил Гејтс тврди дека бројот на починати и заразени од ковид-19 следната година може да падне под нивото на сезонскиот грип бидејќи повеќе луѓе се вакцинираат и лекувањето се подобрува, освен ако не наидеме на нова, посмртоносна варијанта.

Фото: ЕПА

Говорејќи во четвртокот во виртуелно интервју на Новиот економски форум на Блумберг во Сингапур, основачот на Мајкрософт изјави дека вакцините, природниот имунитет и новите орални третмани значат дека „стапката на смртност и стапката на заболување треба да се намалат прилично драматично“.

Технолошкиот магнат, кој беше особено гласен за време на пандемијата, рече дека проблемите околу капацитетот за производство на вакцините најверојатно ќе бидат заменети со предизвици во дистрибуцијата, па дури и со намалена побарувачка.

„Вакцините се многу добра вест, а проблемите со снабдувањето во голема мера ќе бидат решени кога ќе излеземе кон средината на следната година, па затоа ќе се појават проблеми со логистиката и побарувачката“, истакна тој.

Тој, исто така, ѝ кажа на својата публика дека останува да се види колкава е побарувачката за вакцини против ковид-19 на места како Супсахарска Африка.

Повикувајќи на повеќе работа за искоренување на грипот, Гејтс тврдеше дека стапките и смртните случаи на ковид-19 до средината на следната година веројатно ќе паднат под оние од грипот, освен ако не се појават посмртоносни варијанти на коронавирусот.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс инвестираше стотици милиони долари во развој и дистрибуција на спасоносните вакцини.

Според Светската здравствена организација, грипот убива до 650.000 луѓе секоја година. Најмалку 5 милиони луѓе починаа од ковид-19 од почетокот на пандемијата кон крајот на 2019 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе