Бил Гејтс: Испораките на вакцини во сиромашните земји ќе доцнат 6 до 8 месеци

Сиромашните земји во најдобар случај ќе доцнат од 6 до 8 месеци со набавката на вакцина против ковид-19 во споредба со побогатите земји, процени во средата филантропот Бил Гејтс.

Фото: ЕПА

Во интервју за Ројтерс, Гејтс рече дека дистрибуцијата на вакцините е исклучително голем проблем што врши притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови.

„Секој политичар е под притисок да се избори да ја доведе својата земја на почетокот на редот“, рече Гејтс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс досега се обврзаа да издвојат 1,75 милијарди долари за борба против пандемијата ковид-19, вклучително и во рамките на програмата Ковакс за правична дистрибуција на вакцините водена од Светската здравствена организација.

Планот на Ковакс е да дистрибуира 2,3 милијарди дози вакцини до крајот на годината, од кои 1,8 милијарди дози бесплатни за сиромашните земји. Се надева дека првите испораки ќе бидат реализирани во февруари.

Гејтс вели дека дистрибуцијата на вакцините преку Ковакс првично ќе биде скромна.

Гејтс во средата во писмото во кое ги објави приоритетите на фондацијата, напиша дека верува оти луѓето што живеат во побогатите земји ќе бидат сведоци на крајот на пандемијата и враќање на нормалниот живот до крајот на годината, под услов вакцинацијата да опфати 70 до 80 проценти од населението.

Тој додаде дека пандемијата резултира и со нешто добро - значително забрзување во развојот на вакцините, како што е онаа заснована врз технологија на информациона РНК што ја користат компаниите Бајонтек/Фајзер и Модерна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе