Бил Гејтс е сопственик на најголемото земјоделско земјиште во САД

Бил Гејтс, коосновачот на компанијата Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе во светот, е сопственик на најголемото земјоделско земјиште во Соединетите Американски Држави.

EPA-EFE

Според медиумите, Гејтс не е единствениот милијардер кој поседува земјоделско земјиште. Меѓу нив се и основачот на Си-ен-ен Тед Тарнер и шефот на Амазон Џеф Безос.

Весникот Ленд рипорт објави дека во сопственост на Гејтс се 242.000 хектари земјиште кои се наоѓаат во 18 сојузни држави. Милијардерот, чие богатство магазинот Форбс го процени на 121 милијарда долари, во Луизијана има 69.071 хектар, во Арканзас 47.927 хектари и во Небраска 20.588 хектари.

Во Феникс, Аризона, има 27.750 хектари земјиште на кое се гради ново предградие.

Според Ленд рипорт, Гејтс сопственоста над земјиштето ја остварува преку компанијата Каскејд инвестментс, која ја користи за инвестирање во безбедноста на храната Еколаб, интернет страницата Врум за купопродажба на половни автомобили и националната железница на Канада.

За многумина е изненадување дека Гејтс е сопственик на најголемото земјоделско земјиште во САД, но ова не е првпат да се обидува во оваа дејност. Тој и неговата сопруга во 2008 година најавија дека ќе обезбедат 306 милиони долари неповратни пари за промоција на одржливото земјоделство со големи приноси за земјоделците на супсахарска Африка и јужна Азија.

Нивната фондација инвестираше во развојот и ширењето на „супер жетвите“ отпорни на климатските промени и во одгледувањето крави со цел да се остварат поголеми приноси. За да ги остварат целите во земјоделството ја формираа и непрофитната организација Гејтс аг уан.

Сè уште не е целосно јасно за што Гејтс го користи своето земјоделско земјиште и дали тоа се користи за конзервација. Компанијата Каскејд не одговорила на прашањата на Форбс околу тоа.

Меѓутоа, постојат информации дека земјиштето се користи за постигнување на целите на нивната фондација. Компанијата Котонвуд менаџмент, како подружница на Каскејд, е дел од непрофитната организација Лидинг харвест која промовира одржливо земјоделство, а приоритет е заштита на жетвите, тлото и водените ресурси.

 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе