Бил Гејтс: Дружењето со педофилот Епстајн беше огромна грешка

Бил Гејтс призна дека дружењето со осудениот педофил Џефри Епстајн била огромна грешка и откри дека заедно биле на неколку вечери. Во интервју за Си-ен-ен, Гејтс исто така призна дека бил многу тажен по разводот од сопругата Мелинда, а една од главните причини за разводот било неговото дружење со Епстајн.

Фото: ЕПА

Пријателскиот однос помеѓу Гејтс и Епстајн датира од 2011 година, кога Епстајн уплатил средства во Фондацијата Гејтс и ЏП Морган, но поради тоа, Гејтс жестоко се карал со својата сопруга. Мелинда била бесна поради неговото дружење со педофилот и рекла дека со тоа не сака да има никаква врска. Таа ангажирала адвокати за развод во 2019 година, кога средбите на Гејтс со Епстајн излегле во јавноста.

Гејтс го посетил Епстајн неколку пати во неговата куќа, па дури и разговарал со него за својот брак, кога Епстајн го советувал да се разведе. Гејтс за Си-ен-ен изјави дека и тој бил загрижен за Епстајн, кој се изјаснил за виновен и во 2008 година бил осуден за поттикнување малолетнички на проституција, години пред Гејтс да го сретне.

„Бев со него на неколку вечери со надеж дека ќе обезбеди милиони за филантропската организација поврзана со глобалното здравје преку своите контакти. Кога видов дека од тоа нема да има ништо, нашето дружење заврши. Беше голема грешка што го поминав времето со него и му дадов важност. Имаше и други во слична ситуација, но погрешив“, нагласи Гејтс.

Неговиот портпарол рече дека Гејтс не остварил апсолутно никаква ни деловна врска ни пријателство со Епстајн и дека нивните состаноци биле исклучиво поврзани со филантропија. Водителот на Си-ен-ен го праша Гејтс дали жали за неодамнешните написи дека се однесувал недолично на работното место, но Гејтс не одговори конкретно.

„Сигурно на сите им е жал, но тоа е време за размислување и во овој момент морам да продолжам напред. Мојата работа ми е многу важна, и како семејство ќе зацелиме најдобро што можеме и ќе научиме нешто од овие настани“, заклучи Гејтс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе