Виртуелна меѓународна конференција

Бил Гејтс е оптимист во врска со сузбивањето на коронавирусот

Американскиот филантроп и милијардер Бил Гејтс кажа денес дека е „оптимист во врска со сузбивањето на болеста ковид-19“ и повика лековите и вакцината – кога ќе ја има, да им се распоредат на оние на кои им се најмногу потребни, а не на оние кои нудат најмногу пари.

EPA-EFE

„Ако дозволиме лековите и вакцините да одат кај оние кои нудат најмногу, наместо на оние на кои им се најмногу потребни, пандемијата ќе биде полдоготрајна, понеправедна и посмртоносна“, кажа основачот на Мајкрософт во видео-пораката на виртуелната меѓународна конференција за ковид-19.

Тој кажа дека се „потребни лидери кои ќе носат цврсти одлуки за распределбата (на лековите и вакцините) засновани врз рамноправност, а не само на факторите поврзани со пазарот“.

Гејтс кажа дека пандемијата ги прекина синџирите на снабдување со лекови, што е ризик за многу луѓе во светот, не само во сиромашната субсахарска Африка.

„Но, јас сум оптимист. Ќе го победиме ковид-19 и ќе продолжиме да остваруваме напредок против сидата и другите здравствени кризи“, кажа Гејтс.

Тој смета дека научниците остваруваат голем напредок, дека има инвестиции за антивиралните лекови, дека се остварува голем напредок и во развојот на вакцината, а причината за неговиот оптимизам е и солидарноста на светско ниво.

„Светската соработка и решеноста да се најдат средства и да се испорачаат таму каде што се најпотребни се пресудни“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе