Бик со запалени рогови усмрти човек во Шпанија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Седумдесет годишниот починал рано наутро од удар од бик за време на фестивалот во шпанскиот град Ерика во Валенсија, пренесе Ел Паис.

Според информациите од локалните власти, човекот починал за време на фестивалот на „Торо емболадо“, што во буквален превод значи бик со топки. Манифестација типична за Валенсија и јужна Каталонија за време на која бик шета по улици со дрвени конструкции на роговите и запалени топки додека минувачите се обидуваат да го избегнат.

Бикот влегол на главниот плоштад околу 1:30 часот по полноќ и го удрил човекот кој бил свртен со грб и дури не ни забележал дека животното доаѓа. Кога бикот го удира, тој запален удира во заштитната ограда, бикот продолжил по патот додека не дошол до коридата за бикови.

Сведоците на немилиот настан тврдат дека било невозможно да се избега на време или да се застане зад оградата.

71-годишниот Рогелио Родриго Родриго роден во Чалила, итно бил пренесен во ургентен центар, а потоа бил однесен во болница во Сагунто каде што по неколку часа починал.

„Торо емболадо“ се одржува во рамки на неделата на бикови која започна минатата недела на 17 септември, а поради несреќата е откажан понатамошниот програмски фестивал.

Локалните власти изразија сочувство до семејство на починатиот и истакнаа дека целиот настан поминал безбедносна проверка и ги поседувал сите потребни дозволи.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе