БиХ ќе ја затвори границата за емигрантите доколку Хрватска го направи истото

Директорот на службата за работи со странци на Босна и Херцеговина Слободан Ујиќ изјави во Сараево дека властите на таа земја ќе ги затворат границите кон Србија и Црна Гора за емигрантите доколку истото го направат Хрватска и другите земји од Европската Унија.

„Единствениот вистински одговори на тоа би бил засилен надзор на границата и испраќање дополните сили на границите со нашите источни соседи во случај да се случи затворање на границите нам нема да ни преостане ништо друго освен и ние да ги затвориме границите кон Србија и Црна Гора“, кажа Ујиќ.

Тој објасни дека добиле информации од Австрија за целосно затворање на границите и најави дека истото ќе го направат и Словенија и Хрватска.

Директорот на Службата за работи со странци на БиХ додаде дека дневниот прилив е меѓу 65 и 80 емигранти кои ја минуваат границата во помали или поголеми групи. Од крајот на минатата година службата регистрирала 6.257 емигранти кои влегле во Босна и Херцеговина, а од нив 5.635 побарале меѓународна заштита.

Ујиќ истакна дека само петина од емигрантите доаѓаат од зони на воени конфликти, додека главно станува збор за економски емигранти.

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе