БиХ ќе ја ангажира војската за да воспостави карантини на границата

Претседателството на Босна и Хрецеговина го одобри денес ангажирањето на оружените сили во прифаќањето и сместувањето на лицата кои влегуваат во земјата во специјални карантински услови кои ќе се воведат на границата за да се спречи ширењето на коронавирусот.

На вонредната седница одржана во доцните попладневни часови трочлениот државен врв на БиХ донесе одлука за ангажирање на оружените сили како помош на цивилните тела на власта во превенцијата и спречувањето на ширењето на заразата во специјални објекти, шатори, за сместување на лицата кои доаѓаат во БиХ од странство.

Претходно српскиот член на Претседателството Милорад Додик ја најави одлуката за ангажирање на војската која според него би требао да помогне лицата кои влегуваат во БиХ да се задржат во шаторите поставени на самите граници.

На тие лица воопшто не би им се дозволило движење додека таму не минат 14 дена колку што трае периодот на инкубацијата на вирусот.

Во БиХ денес стапија на сила строги мерки кои вклучуваат затворање на сите угостителски објекти, ресторани, трговски центри, и сите објекти каде што се собираат повеќе луѓе, за да се намали опасноста од ширењето на коронавирусот.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе