Во 2019

Би-би-си: Трамп му нудел на Ким Џонг Ун да го вози во американскиот претседателски авион

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во 2019 година му предложил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да се врати во Пјонгјанг со американскиот претседателски авион од самитот во Ханој.

Фото: скриншот

Документарниот филм на Би-би-си „Трамп го зазема светот“ вели дека понудата на поранешниот американски претседател, доколку Ким прифател, ќе била „изненадување дури и за најискусните дипломати“.

Ким пристигнал во Ханој по повеќедневно патување со воз низ Кина, а Трамп тогаш му рекол: „Може да те донесам дома за два часа ако сакаш“.

Доколку севернокорејскиот лидер ја прифател понудата, неговото присуство, а веројатно и на дел од неговата придружба, во авионот на американскиот претседател, но во воздушниот простор на Северна Кореја, ќе покренеше многу безбедносни проблеми.

Трамп и Ким се сретнаа двапати, првиот пат на историскиот самит во јуни 2018 година во Сингапур.

Сепак, преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја не напредуваа и дури се во застој од наредниот неуспешен самит во февруари 2019 година во Ханој.

Севернокорејските државни медиуми не ја коментираа инаугурацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе