Би-би-си: Џонсон денеска ќе поднесе оставка од функцијата партиски лидер, ќе остане премиер до есенва

По серијата скандали и масовните оставки на министрите, британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка, јави државната телевизија Би-би-си.

Фото: ЕПА

Новинарот на Би-би-си откри дека Џонсон сака до есенската конференција на партијата да има нов лидер на конзервативците. Се надева дека тој дотогаш ќе остане во Даунинг стрит.

Десетици членови на владата на Џонсон ги напуштија своите позиции во последните денови. Меѓу нив се и министрите за финансии и образование, заедно со клучниот сојузник за брегзитот, Мајкл Гов.

По повеќе од 40 оставки и отворен бунт од многу конзервативни пратеници, некои министри отидоа на Даунинг стрит за да му кажат на Џонсон дека мора да замине, објавија вчера британските медиуми.

Еден од нив го охрабрил сам чесно да се повлече наместо да се соочи со гласање за доверба. Многу пратеници порачаа дека веќе не е прашање дали мора да си замине, туку кога ќе замине.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе