Според независна истрага

Безос, Маск, Сорос и други милијардери со години не плаќале данок на приход

Во екот на меѓународната расправа за зголемување на даноците за мултинационалните компании истрага на организацијата Пропублика потврди вчера дека повеќе американски милијардери неколку години успевале целосно да го избегнат плаќањето на данокот на приход.

EPA-EFE

Организацијата со седиште во Њујорк, која на својата интернет страница истакнува дека сака „да ја осуди злоупотребата на власта и издавањето на довербата на јавноста“, тврди дека сопственикот на Амазон Џеф Безос во 2007 и во 2011 не платил ниеден сојузен данок, а Илон Маск, шефот на Тесла, не го платил во 2018.

Безос и Маск се меѓу тројцата најбогати луѓе во светот.

Претприемачот и политичар Мајкл Блумберг, бизнисменот Карл Икан и филантропот Џорџ Сорос исто така избегнале плаќање на сите сојузни даноци во некои години, се додава во извештајот.

Организацијата дошла до тие заклучоци откако прегледала илјадници даночни пријави на богатите Американци во изминатите петнаесет години.

„Ставени заедно, тие ги уриваат темелите на американскиот даночен мит: дека сите го плаќаат својот дел од данокот и дека најбогатите најмногу плаќаат“, наведуваат авторите.

На прашањето на агенцијата Франс прес тимовите на Безос, Маск, Блумберг, Икан и Сорос не дале никаков коментар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе