САД

Безбедносните сили се подготвуваат за насилство и на инаугурацијата на Бајден

Поради повиците за нови протести во градот Вашингтон и државите низ целата земја американските безбедносни органи се подготвуваат за можно насилство во наредните денови откако минатата недела демонстранти го нападнаа американски Капитол, при што загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец од Капитол.

Фото: ЕПА

Властите подготвуваат дополнителен персонал што ќе помогне во обезбедувањето на главниот град во наредните денови. Службеник на Одделот за домашна безбедност (ДХС) за Си-ен-ен рекол дека пробивањето во Капитол ќе ги заостри реакциите и планирањето за инаугурацијата.

„Сега кога тоа се случи, луѓето ова ќе го сфатат многу посериозно“, рекол службеникот, зборувајќи за насилството минатата недела. „Сега, планерите, сите тие ќе го сфатат тоа многу посериозно“.

По барање на полицијата на Капитол, ДХС помогнал да се постави ограда.

Во Пентагон, официјалните лица проценуваат дали има потреба да се засили бројот на силите на Националната гарда на дури 13.000 чувари за инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, рекол официјален претставник на одбраната, кој е запознаен со планирањето.

Повеќе од 6.000 члена веќе беа мобилизирани по нападот на Капитол од демонстрантите и ќе работат во 12-часовни смени на територијата на Капитол и на сообраќајни контролни пунктови низ градот.

На државно ниво, безбедносните служби тесно соработуваат со федералните партнери додека се подготвуваат за зачестени онлајн-повици на протести во сите 50 држави, плус Вашингтон, рекол друг безбедносен службеник.

Планови за идни оружени протести, вклучително и предложениот втор напад врз американски Капитол и државните згради во главниот град на 17 јануари, минатата недела почнаа да се шират на Твитер и пошироко, соопшти социјалниот медиум.

Сепак, експертите за екстремизам стравуваат од она што ќе се случи на и околу 20 јануари, кога Бајден ќе положи заклетва на функцијата, со оглед на зголемените повици за насилство, бидејќи многу екстремисти сметаат дека упадот во Капитол е успешен.

„Трамп ќе положи заклетва за втор мандат на 20 јануари!!“, рече еден коментатор на thedonald.win, про-Трамп форум на интернет, во четвртокот, ден по опсадата. „Не смееме да ги оставиме комунистите да победат. Дури и ако треба да го запалиме ДЦ до темел.“

Надвор од Вашингтон, локалните власти исто така мораат да се справат со закани и зголемени безбедносни потреби, вели Си-ен-ен.

Во саботата попладне беше свикан незаконски собир во Сан Диего, кога демонстрантите се судрија и фрлаа предмети кон полицајците. Според твитовите од полицискиот оддел во Сан Диего, демонстрантите фрлале камења, шишиња и јајца кон полицајците, непосредно откако од нив било побарано да ја напуштат областа.

Истиот ден со опсадата во градот Вашингтон, зградата на Капитол Тексас и просториите беа затворени за јавноста „од претпазливост“, се вели во соопштението на Тексашкиот оддел за јавна безбедност. Демонстрантите тргнаа кон територијата на Капитол откако на Фејсбук беше создаден настанот „Окупирај го Капитол Тексас“.

Демократскиот гувернер на државата Вашингтон, Џеј Инсли, во петокот објави дека мобилизира до 750 припадници на Националната гарда за да го обезбеди почетокот на државната законодавна седница, која почнува денеска.

Во Њу Џерси, државните службеници за внатрешна безбедност ги следат планираните настани и за 17 јануари и за 20 јануари, како и „неколку еднократни протести за кои сè уште ја утврдуваме сериозноста“, изјави безбедносен службеник во Њу Џерси.

„Дел од онлајн-реториките повикуваат на протести во сите 50 главни градови плус Вашингтон“, рече официјалното лице. „ФБИ продолжува да ги проценува заканите.“

„Мислам дека Вашингтон се подготвува за големи протести и потенцијално насилство“, рече официјалното лице, додавајќи дека во брифинзите што ги добиле државните службеници „имаше превенција и реакција од многу поголем обем за да се минимизира можноста за повторување на минатата среда.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе