Хиперсоничните ракети, кои можат да достигнат пет пати поголема брзина од брзината на звукот, се побрзи и полесни за управување од стандардните балистички ракети, што ги прави потешки за пресретнување.
Соединетите Американски Држави во 2021 година успешно ја тестираа таа технологија која веќе ја користат Русија, Кина а можеби и Северна Кореја.
„Се обврзуваме да почнеме нова трилатерална соработка во хиперсоничните, контрахиперсоничните и електронските средства за војување“, наведоа во заедничко соопштение претседателот на САД Џо Бајден и премиерите на Британија и Австралија Борис Џонсон и Скот Морисон.
Тие се сложија и да „ја прошират размената на информации и да ја продлабочат соработката во областа на иновациите во одбраната“.
Руските власти во март соопштија дека користеле хиперсонични ракети во Украина, и тоа е првата позната употреба на тоа оружје во борбени услови.