„Без признавање од сите 27 членки, ставот на ЕУ за статусот на Косово не може да се смени“

Косовскиот експерт за Европската Унија Авни Мазреку кажа дека „ЕУ има неутрален став во однос на Косово“.

EPA-EFE

И тоа е, како што наведе, „главниот хендикеп за она што Косово сака да го постигне низ процесот на дијалогот со Србија“, пренесува Косово онлајн.

Мазреку кажа дека „без признавање од сите 27 држави членки, тој став на Брисел не може да се смени“.

„Дури и ако само една земја членка не нè признае, ЕУ и понатаму ќе го има истиот неутрален став. Германија се обиде да го стави на дневниот ред прашањето на косовските визи, но системот на одлучување, во овој случај за визите, е систем на гласање кој бара квалификувано мнозинство, каде четири држави можат да ја блокираат одлуката“, кажа Мазреку.

Тој потсети дека пет земји кои се членки на Европската Унија сè уште не ја признаваат независноста на Косово и дека тоа е пречка за Приштина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе