Без договор за формирање косовска влада – спор околу функцијата претседател на собранието

Поранешниот косовски премиер Иса Мустафа изјави дека на вчерашната средба со лидерот на движењето Самоопределување Аљбин Курти не е постигнат договор за коалиција.

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово инсистира да го добие местото претседател на собранието на Косово без што, како што кажа, нема да има коалиција.

„Остануваме отворени доколку Самоопределување како прва партија на изборите ги прифати нашите барања за коалиција. Ние секој момент сме спремни да постигнеме договор за коалиција и ветуваме дека тоа ќе биде договор кој ќе придонесе на земјата, на борбата против криминалот и корупцијата, економскиот развој и ќе даде одговор на барањата на грашаните и довербата што ја добивме“, кажа Мустафа.

Потпретседателката на Самоопределување и пратеничка Аљбуљена Хаџиу кажа дека и на оваа средба не бил постигнат договор, додека учеството на амбасадорите на „големата западна петорка“ според неа било со цел нивно информирање за текот на разговорите, а не тие да се вклучат во постигнувањето договор.

Таа кажа дека нема договор токму поради инсистирањето на ДСК за враќање на состојбата пред 26 декември минатата година кога беше избран претседател на собранието на Косово, оценувајќи го барањето за сменување на претседателот на косовското собрание Глаук Коњуфца за неостварливо.

Секој неуспех во постигнувањето договор за коалиција, истакна таа, му оди од рака на претседателот Хашим Тачи бидејќи тогаш „сите штетни сценарија ќе бидат на маса“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе