Нови мерки

Нема веќе бесплатни тестови за невакцинираните во Грција

Грција вчера соопшти дека ќе престане со бесплатното тестирање за невакцинираните лица за да ги охрабри да се имунизираат среде новиот бран на зараза предизвикан од ширењето на делта сојот на коронавирусот.

EPA-EFE

Медицинските власти вчера пријавија 4.608 нови случаи и 32 починати, што е нов дневен рекорд во таа земја. Новите мерки кои стапуваат на сила на 13 септември не подразбираат задолжителна вакцинација, но се укинува бесплатното тестирање и се воведува обврска за невакцинираните да се тестираат еднаш или двапати неделно во зависност од нивната професија.

Цената на брзите тестови, од околу 10 евра, е значителен трошок за граѓаните на Грција, која е погодена од финансиската криза, и каде просечната плата е 1.161 евро.

Околу шест милиони луѓе во Грција, која има 11 милиони жители, веќе примиле една или две дози од вакцините.

„За разлика од есента минатата година, оваа есен сите мора да бидат вакцинирани“, кажа министерот за здравство Василис Кикилијас. „Сакаме да живееме или да играме руски рулет со коронавирусот?“

Тој кажа и дека бесплатното тестирање ќе продолжи за вакцинираните лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе