Беспилотни ловци: Треба ли Западот да се чува од новите руски беспилотни летала?

Русија го тестира нападот на беспилотното летало Охотник (Ловец), кој е дизајниран да ја уништи непријателската одбрана. Се предвидува да почне да се употребува годинава заедно со други слични модели. Дали може Русија да ги надмине беспилотните летала на Запад?

Новиот „невидлив“ напаѓачки дрон Охотник ќе го има својот прв лет тест во „најблиска иднина“, изјави во петокот министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Пентагон интензивно користи беспилотни летала како ЕмКју-1 (MQ-1) Предатор за да забележат и нападнат цели во места како што се Блискиот Исток и Авганистан. Москва сега се надева дека ќе ја засили својата улога во однос на беспилотните летала.

Околу 70 руски беспилотни летала веќе се распоредени во Сирија. Нивната мисија се покажа како успешна вели војската, бидејќи моделите Форпост и Орлан-10 забележаа повеќе од 47.000 непријателски цели.

Сепак Русија сѐ уште нема целосно спроведен напад со беспилотни летала. Проектот Охотник е дизајниран за да го промени тоа. Произведен од производителот на авиони Сухој, Охотник може да се пофали со тежина на полетување од 25 тони и оперативен опсег од 5.000 километри. Првите слики на беспилотното летало излегоа минатиот месец, и го покажаа летачкиот крилен тип на авион како вози на пистата за време на тестирањето.

Друго беспилотно летало што оваа година ќе влезе на сцена е Орион. За време на фазата на производство познат како тип 90, ова средно големо беспилотно летало тежи околу 1000 килограми. Способен за спроведување на 24-часовни летови и напади со крстаречки проектили, како и способен да носи бомби од 25 и 50 кг. Авионот беше претставен за време на саем за оружје минатата година и беше тестиран во Сирија.

Извештаите во медиумите сугерираат дека беспилотните летала не само што ќе бидат ефективни за време на соло-мисии туку и ќе се поврзат со најновиот повеќенаменски млазен ловец-бомбардер Су-57. Предвидено е авионот да влезе во битка откако беспилотното летало „ја пробило“ воздушната одбрана на непријателот „контролирано“ од екипажот на авионот.

Поттикот на Русија за воведување на софистицирани беспилотни летала беше потврден со воздушната кампања во Сирија каде што беспилотните летала направија „значителен придонес“ во наоѓањето на цели и вршејќи надзор, објаснува воениот експерт Алексеј Леонков.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе