Беснее дипломатска војна: Русите протераа бугарски дипломат

Руската влада протера бугарски дипломат, откако Софија одби да му издаде виза на рускиот аташе за одбрана, соопшти бугарското министерство за надворешни работи.

Бугарскиот амбасадор во Москва Атанас Крастин беше известен дека дипломатот мора да ја напушти Русија во рок од 24 часа како што наложува дипломатскиот протокол, пренесува Ројтерс.

Москва соопшти дека станува збор за реципрочна мерка поради одлуката на Бугарија да не му издаде виза на аташето за одбрана во руската амбасада во Софија, а еден ден откако беше протеран руски дипломат поради наводно шпионирање.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе