Сандерс две недели однапред предвиде речиси сѐ што деновиве всушност се случува на изборите.
Џими Фалон го праша што мисли за тоа кога ќе се добијат резултатите од изборите.
„Џими, постави важно прашање и се надевам дека Американците го рабораат бидејќи тоа е нешто што ме загрижува. Мојот став е дека секој глас мора да се вброи. Нема сега да навлегувам во тоа зошто тоа го мислам, но ќе се случи ситуација во која држави како Пенсилванија, Мичиген и Висконсин ќе промат огромен број гласачки ливчиња доставени по пошта.
Но за разлика од државите како Флорида или Вермонт, тие нема да можат, од лоши причини, да ги пребројат сите тие гласови до денот на изборите или до затворањето на гласачките места. Тоа значи дека ќе има држави кои ќе мора да пребројат милиони гласачки ливчиња доставени по пошта“, кажа Сандерс во воведот.
Тој продолжи да објаснува што очекува.
„Еве што ме загрижува мене. Како што покажуваат анкетите, па дури и некои истражувања, поради различни причини, демократите ќе гласаат преку пошта, додека републиканците ќе бидат оние кои ќе го дадат својот глас на денот на изборите. Веројатно првите преброени гласови ќе бидат на оние луѓе кои ќе гласаат на денот на изборите.
А се плашам од ова, се надевам дека сите ќе ме слушнат. Можно е да се случи ова сценарио. Нормално дека не знам што ќе се случи, но можно е. Можно е во десет часот вечерта Трамп да води во Мичиген, во Пенсилванија, во Висконсин... И тогаш ќе дојде на телевизија и ќе каже: „Ви благодарам Американци, што повторно ме избравте. Сѐ е готово. Ви посакувам пријатен ден“.
Но потоа, следниот ден и во деновите кои следат, сите оние гласови пратени по пошта ќе дојдат на ред да се пребројат и ќе се утврди дека Бајден сепак добил во една од тие држави. Во тој момент доаѓа Трамп и вели: „Гледате, ви кажав дека сето ова е една голема измама. Ви кажав дека дописното гласање не чини. Нема да ја напуштиме функцијата“.
Тоа е она од што стравуваме јас и уште многу луѓе. Повторувам, не знам што ќе се случи, но луѓето би требало да бидат свесни за овие можности“, кажа Сандерс.
Нешто слично се случи во реалноста. Кога затворија гласачките места, Трамп навистина имаше предност на Флорида, во Тексас и Охајо, клучните држави. Сѐ уште се чекаа резултатите за Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Мичиген и Висконсин, кои се сметаат за клучни за исходот на изборите, а таму ситуацијата исто така беше во корист на Трамп или многу изедначена.
Американскиот претседател излезе пред камерите и прогласи победа кажувајќи дека „овие избори се измама и срам за Америка“ и најави пријава пред Врховниот суд.
He’s doing exactly what Bernie said he was gonna do if he started losing https://t.co/fyAKuGajx9
— Ashley K. (@AshleyKSmalls) November 4, 2020
На Трамп му пречеше тоа што гласовите продолжија да се бројат и по изборната ноќ, точно онака како што предвиде Сандерс. Во текот на средата Трамп продолжи да твита за тоа како „магично му исчезнуваат гласовите“ во моментите кога тој ги добива изборите, алудирајќи на тоа дека со пребројувањето и по изборната ноќ некој му ги краде гласовите.
Во пребројувањето по изборната ноќ нема ништо спорно. Нема какви било докази дека на американските избори дошло до некаква измама на гласачите. Гласовите во одлучувачките држави сѐ уште се бројат.