Претседателот на Русија би требало да владее со Европа

Берни Еклстон: Би примил куршум за Путин

Ако некој со митралез почне да пука во Путин, би застанал пред него. Зошто? Затоа што тој е еден од добрите, кој никогаш не направил ништо што не е добро за неговиот народ, изјави почесниот претседател на Формула 1 Берни Еклстон во интервју за Тајмс.

Ексцентричниот британски 88-годишен милијардер кажа и дека не верува дека рускиот претседател стои зад труењето на поранешниот руски шпион во Солзбери.

„Владимир Путин е презафатен за да го нареди труењето на двојниот агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Солзбери минатиот март“, кажа Еклстон.

Сивата еминенција на најбрзиот карван во светот кажа и дека рускиот претседател „би требало да владее со Европа“.

„Заборавете на Меј, Макрон, Меркел и сличните. Путин би требало да владее со Европа. Немаме никој, така што не може да биде полошо. Тој го прави тоа што го зборува и ги исполнува своите ветувања“, кажа Еклстон за Тајмс.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе