Берлускони ја победи короната и излезе од болница: Најопасниот предизвик во мојот живот

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја напушти денес болницата откако се опорави од коронавирусот, велејќи дека го преживеал „најопасниот предизвик" во својот живот.

Фото: Твитер

„Со задоволство си реков: Повторно се извлече“, им рече насмеаниот Берлускони на новинарите пред вратата на болницата Сан Рафаеле во Милано, каде што беше примен на 3 септември откако му беше дијагностициран ковид-19.

Неговиот лекар Алберто Зангрило минатата недела изјави дека 83-годишниот медиумски тајкун развил пневмонија и се сметал за пациент со висок ризик поради неговата возраст и постоечката здравствена состојба, која вклучува и проблеми со срцето.

Зангрило рече дека Берлускони ќе умрел да се соочел со истите симптоми во март или април, но лекарите научиле многу од почетокот на појавата на коронавирусот и сега се подобро опремени во борбата против болеста.

Се верува дека Берлускони се разболел од вирусот додека бил на одмор во неговата вила во Сардинија.

„Секој од нас е изложен на ризик да зарази други. Го повторувам мојот повик за максимална одговорност од сите“, рече Берлускони.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе