Берлин: Србија мора да ѝ воведе санкции на Русија ако сака во европскиот блок

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ѝ порача на Србија дека, ако сака да се придружи на европскиот блок, мора да ѝ воведе санкции на Русија поради агресијата на Украина.

EPA-EFE

По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, шефицата на германската дипломатија истакна дека земјите од Западниот Балкан јасно дале до знаење дека својата иднина и безбедност ги гледаат во Европската Унија, поради што повеќето од нив ги поддржуваат европските санкции.

„Би сакала да ѝ порачам на Србија, ако сакате да станете членка на Европската Унија, што Србија го сака, клучно е да ја поддржите и надворешната политика на Европската Унија и соодветните санкции“, порача Бербок.

Претходно претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер, во честитката за победата на изборите на 3 април, на претседателот на Србија Александар Вучиќ му напиша дека „Германија ја поддржува Србија и државите од Западниот Балкан како сигурен партнер, но дека воведувањето санкции на Русија ќе биде значајно за евроинтеграциите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе