Берлин се плаши од повторно влегување на германските тенкови во Русија

Берлин, како што пишува германски Шпигл, намерно го одложува испраќањето тешко вооружување во Украина бидејќи стравува дека тоа би можело да доведе до голем напад на Русија.

EPA-EFE

Како што за германскиот весник кажал неименуван извор од владата, постои оправдан страв на канцеларот Олаф Шолц дека Украина би можела поради тоа да стане премногу самоуверена, па да премине на „повисоко ниво“ и да ја нападне руската територија.

А тоа би значело, пишува понатаму Шпигл, дека германските тенкови, ако Берлин му ги испрати на Киев, повторно би се нашле на руска територија, а тоа е голем историски и политички проблем.

Како што пишува германскиот дневник, постои и извесна недоверба на Берлин во украинскиот претседател Володимир Зеленски, што исто така е причина зошто Германците сè уште не ѝ испратиле воена помош во вид на тенкови на Украина.

Од земјите на Европската Унија, тоа досега го направија само Полска и Чешка.

Шпигл истакнува дека, иако не постои официјално „ембарго на тенкови“ на ниво на НАТО, постои неофицијален договор кој го направиле Вашингтон, Лондон и Париз, и во таа смисла Германија не може да биде, како што се истакнува, прва од големите сили која на Киев би му испратила тенкови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе