Берлин сака Германец на чело на Европската комисија

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази желба за следната година претседател на Европската комисија да биде Германец, па дури и да се откажат од амбициите во врска со Европската централна банка, пишува бизнис весникот Ханделсблат.

„Приоритет за Меркел не е ЕЦБ, туку Комисијата“, рече анонимен извор близок до владата.

Според весникот, канцеларката смета дека претседавањето со Европската централна банка е пред сѐ прашање на престиж, додека претседавањето со Комисијата е политички поважно.

Германскиот кандидат за ЕЦБ, сегашниот шеф на Бундесбанк, Јенс Вајдман нема изгледи да биде избран.

Неговото постојано критикување на политиката на евтини пари која ја води шефот на ЕЦБ, Марио Драги за зајакнување на економиите на земјите во еврозоната, за која тој смета дека е многу неповолна за германските штедачи, предизвика негодување кај некои земји на југот.

Неколку клучни позиции на европските институции треба да бидат обновени во 2019 година, меѓу кои местото претседател на Комисијата, на која во моментов е Жан-Клод Јункер од Луксембург, како и местото претседател на Европската централна банка.

Трката за наследник на Јункер трае во позадина веќе со месеци. Често се споменува името на Французинот Мишел Барние, моменталниот главен преговарач за брегзит во име на Унијата.

Според Ханделсблат, неколку имиња се спомнуваат во Берлин за потенцијални германски кандидати меѓу кои и сегашниот министер за економија Питер Алтмајер и министерката за одбрана, Урсула вон дер Лејен лојални на Ангела Меркел, а се споменува и Манфред Вибер, претседателот на Европската народна партија (ЕПП).

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе