На денешната средба на состанокот на министрите за внатрешни работи на државите членки на Европската Унија Хрватска доби едногласна поддршка за влез во Шенгенскиот простор, додека за Бугарија и Романија немало консензус, поради противењето на Австрија и Холандија.
„До последниот момент се боревме да обезбедиме Бугарија и Романија да бидат примени во Шенген зоната“, кажа Бербок на конференција за новинарите во Даблин.
Кажа дека тоа е повеќе од погрешно во европска, но и во геополитичка смисла.
„Наместо да се гордееме што сме постигнале добар и силен ден за Европа, мораме да потврдиме дека ова е лош ден за Европа“, истакна Бербок.