Спикерот на Долниот дом

Беркоу не дозволи денеска да се гласа за договорот на Џонсон

Спикерот на Долниот дом на британскиот парламент денеска не им дозволи на британските пратеници повторно да гласаат за брегзит-договорот на Борис Џонсон.

Џон Беркоу го спречи планот на премиерот Борис Џонсон да организира „клучно гласање за брегзит“ за да биде одобрен неговиот договор во Долниот дом.

Беркоу рече дека не е оправдано владата да бара од пратениците вторпат да расправаат за планот само два дена откако во саботата изгласаа да го одложат гласањето.

Одлуката значи дека Џонсон сега мора да продолжи со ратификување на договорот без да биде сигурен дека ја има поддршката од Долниот дом.

Беркоу им рече на пратениците: „Денешните околности се во суштина исти со околностите во саботата. Затоа, мојата одлука е дека за иницијативата нема да се расправа денес, бидејќи тоа би било повторување и е несоодветно.“

Беркоу додаде: „Јас донесов принципиелна пресуда и власта има можност да го истера своето, со одобрување на парламентот, до крајот на октомври“.

Беркоу рече дека смета дека неговата пресуда е „процедурално исправна“, колку и да е незгодна за некои во домот.

Пресудата предизвика бес кај ториевските евроскептици.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе