Сепак, Бербок додаде дека овонеделното Генерално собрание нема да биде „како претходните“, обвинувајќи ја Москва дека со инвазијата на Украина ги напаѓа принципите на кои се основани Обединетите нации.
И покрај тоа што е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Русија покажува целосно непочитување на меѓународното право и глобалниот поредок, вели германската министерка за надворешни работи.
„Потребни ни се Обединетите нации за да пронајдеме заеднички решенија за глобалните проблеми. Ниедна земја не треба да живее во страв од напад на посилен сосед“, рече Бербок.
ОН треба да бидат составени од луѓе кои меѓусебно се слушаат со почитување и разбирање, обединети во заедничките фундаментални вредности како што се откажувањето од насилството и еднаквоста на сите народи, смета Бербок.
Германската министерка за надворешни работи нагласи и дека Германија цврсто стои со Украина и ќе продолжи да ја поддржува „со сè што е потребно“ за да се воспостави мир.
Фокусот на Генералното собрание на ОН ќе биде ставен на „страшните злосторства извршени во име на Русија во Украина“, односно како да се постапува со нив и да се гонат, како и да се намали ризикот од нуклеарна катастрофа во Украина поради гранатирањето на нуклеарните централи, додава Бербок.