Бенет: Јас сум против палестинска држава, мислам дека тоа ќе биде страшна грешка

Израелскиот премиер Нафтали Бенет по враќањето од Египет, каде што се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, рече дека создавањето палестинска држава ќе биде голема грешка.

Фото: ЕПА

„Јас сум против палестинска држава. Мислам дека тоа би било страшна грешка што ќе доведе до тоа страшната ситуација во Газа да се повтори во Јудеја и Самарија“, изјави Бенет синоќа за израелскиот јавен сервис Кан, користејќи го библиското име на Западниот брег.

Тој алудираше на фактот дека исламскиот екстремистички Хамас насилно ја презеде власта во Појасот Газа од Палестинската управа, во која доминира поумерениот Фатах, во 2007 година, по што ракетните напади врз јужен Израел станаа почести.

Израелскиот лидер заклучи дека Хамас или некоја друга радикална палестинска организација слично ќе ја преземе власта на Западниот брег, контролиран од Палестинската управа на палестинскиот претседател Махмуд Абас, и ќе ги претвори во пекол животите на Израелците што живеат во близина.

Во серијата интервјуа пред Денот на покајанието, Јом Кипур, најсветиот во еврејскиот календар, тој објасни дека палестинска држава во овој момент не е остварлива и затоа прашањето дали да се поддржи не е релевантно, но е важно да се обезбедат економски можности за Палестинците, кои ќе им го подобрат животот.

Новиот израелски премиер се состана одделно со Ел Сиси за да разговара за заживување на блискоисточниот мировен процес и со јорданскиот крал Абдула Втори, но рече дека нема намера да разговара со претседателот на Палестинската управа Махмуд Абас.

„Не гледам никаква логика во средба или разговор со лицето што ги тужи војниците на ИДФ (Израелските одбранбени сили) и нивните команданти во Меѓународниот кривичен суд во Хаг“, рече Бенет, додавајќи дека во времето додека ги тужи израелските војници и команданти за воени злосторства Абас исто така им „дава плати на терористите“ секој месец.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе