Белорускиот парламент го суспендираше договорот со ЕУ за враќање на бегалците

Пратениците на белорускиот парламент изгласаа вчера суспензија на договорот со Европската Унија кој ја обврзува поранешната советска република да ги прифаќа бегалците кои од Белорусија влегле во ЕУ, со што е формализиран актот кој во јуни го најави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

EPA-EFE

Претседателот на Белорусија и белоруските функционери ја опишаа таа мерка како дел од одговорот на Белорусија на санкциите на ЕУ, тврдејќи дека нацијата не може да си ги дозволи трошоците поврзани со сопирање на приливот на бегалци кои заминуваат во Европа и дека наместо тоа ќе ги користи тие средства да го амортизира негативниот ефект на европските санкции.

ЕУ членките Полска и Литванија се обидуваат да се справат со невообичаено големиот број бегалци, главно граѓани на Ирак и Авганистан, кои во последните месеци стигнаа на нивните граници со Белорусија.

Варшава и Вилнус го обвинуваат Лукашенко дека го поттикнува напливот на бегалци и дека ги користи како оружје во „хибридната војна“ против ЕУ во знак на одмазда за санкциите кои на Белорусија ѝ беа воведени откако владата во Минск ги сузби опозициските протести во 2020 година.

Санкциите годинава беа заострени откако Белорусија насилно пренасочи патнички авион на компанијата Рајанер за да го уапси опозицискиот активист Роман Проташевич.

Белорускиот министер за внатрешни работи Иван Кубраков ја опиша суспензијата на договорот за реадмисија како „привремена мерка“, до нормализацијата на односите со ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе