Белоруската опозициска лидерка бара од ЕУ да не ги признае изборните резултати

Белоруската опозициска политичарка Светлана Тихановскаја апелираше денес до лидерите на Европската унија да не ги признаваат, како што ги нарече, измамничките претседателски избори, порачувајќи ѝ на Унијата да го почитува изборот на белорускиот народ.

Фото: ЕПА

Тихановскаја зборуваше од егзил во соседна Литванија, пред вонредниот самит на ЕУ што ќе се одржи преку видео конференција и на кој европските лидери ќе расправаат за кризата во Белорусија.

Александар Лукашенко, долгогодишен лидер во земјата, се соочува со бран масовни протести и штрајкови кои се најголем предизвик за неговото 26-годишно владеење. Тој негира измами на изборите на 9 август, со цел себеси да си обезбеди шести мандат.

„Ве повикувам да не ги признаете овие измамнички избори“, рече Тихановскаја во својот видео-апел. „Лукашенко го изгуби целиот легитимитет во очите на нашата нација и светот“.

Тихановскаја рече дека таа е вистинскиот победник на изборите и дека сака нови избори да се одржат под некој вид меѓународен надзор.

ЕУ најави дека ќе воведе санкции за белоруските службеници што ги смета за одговорни за изборна измама и репресија на протестите во кои загинаа двајца, а беа приведени илјадници луѓе.

Шведската министерка за надворешни работи, Ен Линде се понуди да го посети Минск во име на ОБСЕ, организација која ги вклучува и западните и поранешните советски земји.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој му понуди воена помош на Лукашенко, во вторникот по телефон разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел.

Тој ги предупреди Меркел и Макрон за странско мешање во работите на Белорусија, близок сојузник на Русија.

После спорните избори на 9 август, притисокот врз претседателот Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, продолжува да се зголемува.Тој се соочува со секојдневни протести и штрајкови кои зафатија повеќе индустрии важни за економијата.

Сепак, Лукашенко во повеќе наврати ги отфрли повиците да се повлече.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе