Белорусите ќе ги затворат границите поради страв од ширење на заразата

Белорусија ќе ги затвори граничните премини за своите граѓани од 20 декември поради пандемијата на коронавирусот, соопшти владата, а опозициските медиуми ова го поистоветуваат со советската железна завеса.

EPA-EFE/ANDREI STASEVICH

Белорусија ја тресат протести уште од претседателските избори на 9 август, на кои победи актуелниот претседател Александар Лукашенко. Неговите ривали тврдат дека биле наместени и бараат од него да се повлече.

Новите мерки кои се однесуваат на забрана за движење на Белорусите, со исклучок на патување за работа или на училиште, ќе стапат на сила за десет дена. Не е прецизирано кога повторно ќе се отворат границите.

„Нова железна завеса е спуштена“, објави Некста лајв, еден од главните извори на вестите за протестите во земјата. Тој е непријателски настроен кон Лукашенко и помага во координирање на протестите.

Франак Вијакорка, советник на опозициската лидерка Светлана Тихановскаја, ја објави веста на Твитер, коментирајќи ја владината официјална причина за одлуката.

„А вистинската причина е што премногу луѓе сакаат да избегаат од угнетувачкиот режим“, одговори еден твитерџија.

Белорусија се соочува со одлив на мозоци, бидејќи соседните земји како Украина и балтичките земји ги охрабруваат луѓето и компаниите да се преселат олеснувајќи им го издавањето визи и обезбедувајќи им даночни олеснувања.

Премиерот Роман Головченко рече овој месец дека ќе работи на запирање на иселувањето на способните луѓе, велејќи дека властите особено сакаат да спречат одлив на млади луѓе.

Лукашенко ги минимизираше опасностите од заразата за време на првиот бран на вирусот, тврдејќи дека никој нема да умре од него. Министерството за здравство од вчера пријави вкупно 152.453 заразени и 1.230 смртни случаи поврзани со вирусот.

Возачите на камиони и дипломатите ќе бидат ослободени од новите мерки. На странските посетители ќе им биде дозволен влез во земјата, но ќе треба да бидат ставени во карантин десет дена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANDREI STASEVICH

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе