Белорусија воведува смртна казна за обид за терористичко дело

Белорусија во својот кривичен закон воведе смртна казна за „обид за извршување терористичко дело“, пренесуваат руските агенции.

Фото: ЕПА

„Претседателот Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува смртна казна за обид за извршување терористичко дело“, јави РИА Новости, пренесе АФП.

Агенцијата потсетува дека смртната казна досега се применувала само за лицата кои извршиле терористички напад, а цел на новиот закон се пред се опозиционерите, меѓу кои и лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која моментално е во егзил.

Белоруските пратеници на крајот на април усвоија во две читања предлог-закон за изменување на Кривичниот закон кој нуди можност за смртна казна во случај на обиди за терористички напади.

Прес-службата на долниот дом на парламентот нагласи дека „нацрт-законот е подготвен со цел да се одвратат деструктивните елементи и да се покаже решителната борба на државата против терористичките активности“.

За законот да стапи на сила во Белорусија, мора да биде одобрен од двата дома на парламентот и да биде потпишан од претседателот.

Од масовните протести во 2020 година против авторитарното владеење на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, многу членови на опозицијата беа уапсени и обвинети за обид или подготовка на терористичко дело.

Белорусија е последната земја во Европа која употребува смртна казна, а се извршува со стрелање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе