Белорусија воведува ембарго на стоки од „непријателски земји“, и Македонија е на списокот

Официјален Минск од следната година воведува ембарго на стоки од земјите што водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата на Советот на министри.

EPA-EFE

Според указот на белоруската влада објавен денес, забраната на увоз се однесува на одредена стока од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Британија, Швајцарија, Црна Гора и Македонија.

На списокот на стоки меѓу другото се свињи и свинско месо, говедско месо, солено, маринирано, сушено или димено месо, зеленчук, овошје, ореви и слични производи, кондиторски производи и друго, пренесува ТАСС.

„Поради континуираните обиди на колективниот Запад да изврши противправен притисок со санкции врз нашата земја, Белорусија презема сеопфатни мерки. Со одлука на владата ембаргото на храна се воведува од 1 јануари 2022 и подразбира широка листа на стоки произведени во земјите што спроведуваат дискриминаторска политика и вршат непријателски дејства против нашата земја“, соопшти владата.

Белорусија од овие земји за десет месеци оваа година увезла храна во вредност од над 530 милиони долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе