Белорусија: Протест на опозицијата поради поголемата интеграција со Русија

Повеќе од 1.000 опозициски демонстранти се собраа во Минск, Белорусија да протестираат против планираната поголема интеграција со Русија.

Протестите се одржуваат во момент кога белорускиот претседател Александар Лукашенко одржува разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, на Црно Море.

Двајцата лидери разговараа за економски договори според кои уште повеќе треба да се зближат тие два поранешни советски соседи и сојузници.

Лукашенко, кој владее со Белорусија повеќе од една четвртина век, се потпира на ефтина руска енергија и заеми за да ја одржи економијата од советски тип.

Кремљ го зголеми притисокот врз Белорусија со зголемување на цените на енергентите и со намалување на субвенциите, но Лукашенко вети дека нема да се откаже од пост-советската независност на Белорусија.

Некои во земјата стравуваат дека овие договори би можеле да бидат вовед за целосно спојување, загриженост поттикната од анексијата на Крим од страна на Русија во 2014 година.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе