Вчера на референдум

Белорусија одобри трајно да биде домаќин на нуклеарно оружје и на руски војници

Белорусите вчера изгласаа да ѝ се дозволи на земјата трајно да биде домаќин на нуклеарно оружје и на руските сили, покажаа резултатите, дел од пакетот уставни реформи со кои исто така беше продолжено владеењето на лидерот Александар Лукашенко.

Фото: ЕПА

Референдумот се одржа во неделата, додека соседот на оваа бившосоветска земја Украина е нападнат од руски трупи, а делегациите од Москва и Киев се очекува да се сретнат на разговори на белоруската граница.

Шефот на Централната изборна комисија Игор Карпенко изјави дека 65,16 отсто од учесниците на референдумот гласале за амандманите, а 10,07 отсто гласале против, пренесоа руските агенции.

Според Карпенко, одѕивот на гласачите бил 78,63 отсто.

За да стапат во сила, амандманите треба да добијат најмалку 50 отсто од гласовите со излезност од над половина од гласачкото тело.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, вети референдум по историските протести против неговиот спорен реизбор во 2020 година.

Со измената на уставот, Лукашенко (67) ги следи стапките на рускиот претседател Владимир Путин, кој во 2020 година го организираше гласањето за уставните измени што му овозможија да остане на власт до 2036 година.

Со уставните измени им се дава имунитет и на поранешните лидери за злосторства сторени за време на нивниот мандат.

Русија ѝ е клучен сојузник на Белорусија и минатата недела Лукашенко им дозволи на руските трупи да ја користат белоруската територија за да ја нападнат Украина од север.

Белорусија наследи голем број советски нуклеарни боеви глави по распадот на СССР во 1991 година, според аналитичкиот институт „Иницијатива за нуклеарна закана“, кои потоа ги префрли во Русија.

Лукашенко првпат ги спомна можните промени откако претседателските избори во август 2020 година предизвикаа дотогаш невидени демонстрации, кои беа брутално задушени.

Тој побара шести мандат на гласањето и ги уапси водечките опозициски фигури, додека неговата главна ривалка Светлана Тихановскаја беше принудена да побара засолниште во соседна Литванија.

Амандманите ќе ги вратат ограничувањата на претседателскиот мандат, претходно отфрлени од Лукашенко, на два мандата од по пет години, но тие ќе важат само за следниот избран претседател.

Доколку Лукашенко се пријави како кандидат за реизбор во 2025 година, тој би можел да остане на власт уште десет години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе