Белорусија: Не сакаме конфликт со Полска, туку ЕУ да ги земе мигрантите

Белорусија не сака конфликт со Полска, но сака Европската унија да прими 2000 мигранти кои се обидуваат од Белорусија да влезат во Полска, рече претседателот Александар Лукашенко откако Варшава предупреди дека тензиите би можеле да се разгорат.

Фото: ЕПА

ЕУ ја обвинува Белорусија дека плански доведува илјадници луѓе од Блискиот Исток, главно од Ирак, до границата со Полска, Литванија и Латвија, за да ја принудат Унијата да се откаже од економските санкции. Минск ги отфрла таквите обвинување.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки предупреди дека мигрантската криза на границата со Белорусија може да биде вовед во нешто многу полошо, додека полската Гранична стража вели дека белоруските сили сè уште пренесуваат мигранти до границата. Лукашенко рече дека не сака ескалација, пренесе државната белоруска новинска агенција Белта.

„Мора да им се обратиме на Полјаците, на секој Полјак, и да им покажеме дека не сме варвари, дека не сакаме конфликт. Не ни треба конфликт, бидејќи разбираме дека ако отидеме предалеку, војната е неизбежна“, рече тој.

„Тоа би било катастрофа. Тоа ни е сосема јасно и не сакаме никакво разгорување“, додаде тој.

Полска се закани дека ќе ја блокира железничката пруга меѓу двете земји, ако ситуацијата не се подобри, а Лукашенко порача дека заканата може да им се одбие од глава. Во тој случај, железничкиот сообраќај може да биде пренасочен преку источна Украина, која е воена зона, рече тој.

Минатиот четврток, Европската комисија и Германија јавно го отфрлија белорускиот предлог за земјите на ЕУ да преземат две илјади мигранти сместени во Белорусија. Денес, Лукашенко, според Белта, рече дека мора да инсистира Германија да преземе некои мигранти и се пожали дека ЕУ не комуницира со Минск по ова прашање.

„Го чекам одговорот на ЕУ“, рече тој. „Тие и не го разгледуваат проблемот. Го нема ниту она што таа (германската канцеларка Ангела Меркел) ми го вети - контакти. Не комуницираме“, додаде тој.

Според планот на Лукашенко, Белорусија ќе испрати 5 илјади мигранти во земјите од кои дошле, а белорускиот лидер рече дека се подготвува дел од мигрантите да ги испрати дома на крајот од месецот.

Над 400 Ирачани беа испратени дома минатата недела, што е прв таков лет од август. Варшава вели дека белоруските сили сè уште превезуваат мигранти до границата, иако од минатата недела не се користат најголемите кампови за мигранти на границата. Група од околу 150 мигранти се обидела да ја пробие жичената ограда вчера во близина на селото Дубиче Церкевне, објави полската Гранична стража.

„Групи (мигранти) пробуваат такви работи, а белоруските сили се се поагресивни“, напиша на Твитер Станислав Зарин, портпарол на полските безбедносни сили.

Литванската гранична полиција објави дека вчера спречила влез во земјата на 70 мигранти. Двајца украински граѓани биле уапсени. Тие дошле на границата за да ги соберат мигрантите и да ги пренесат до друга точка.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе