Белорусија ги обвини руските платеници дека планираат терористички дела воочи изборите

Белорусија се сомнева во група од повеќе од 30 руски платеници, кои еден ден претходно ги притворила дека планирале „терористички дела" воочи претседателските избори во август и го повикаа рускиот амбасадор да објасни.

Фото: ЕПА

Решавајќи ја оваа ситуација, Минск ризикува да ги влоши односите со својот традиционален сојузник Русија, која досега не зазема став, пишува Ројтерс.

Белорусија во средата објави дека во близина на Минск уапсила повеќе од 30 осомничени руски платеници, откако добила информација дека повеќе од 200 припадници влегле во земјата за да ја дестабилизираат воочи претседателските избори на 9 август.

Државниот секретар на Советот за безбедност на Белорусија Андреј Равков пред новинарите изјави дека во Белорусија сè уште има околу 200 платеници и дека се барани од страна на силите за спроведување на редот и законот.

Државните медиуми во Белорусија објавија дека приведените лица работеле за групацијата Вагнер, најпознатата руска приватна воена компанија.

Кремљ, руското Министерство за надворешни работи, и компаниите наводно поврзани со Вагнер не дадоа коментар. Руската држава негира дека користи платеници.

Притворите се последен пресврт во предизборната кампања за претседател, што претставува најголем предизвик во владеењето со железна тупаница на претседателот Александар Лукашенко.

65-годишниот поранешен менаџер на колективната економија е под притисок од критичарите за, како што велат, неодговорно однесување во здравствената криза предизвикана од коронавирусот, економијата и наводните кршења на човековите права.

Тој тврди дека остварил години економска и политичка стабилност и дека државата исполнува многу основни потреби на народот, исто како што тоа го правела во времето на Советскиот Сојуз.

Лукашенко ги обвини ривалите дека се во дослух со странски поддржувачи за да го соборат и затворил двајца главни изборни ривали воочи самите избори, на кои очекува да победи и покрај проблемите.

Лукашенко владее со Белорусија од 1994 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе